26.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Како реагираше босанскиот коментатор, а како српскиот по успехот на Хрватска против Бразил? (Видео)

Хрватска е на добар пат да го повтори успехот од пред четири години кога играше во финалето на Светското првенство, откако Коцкестите сега се пласираа во полуфиналето на планетарниот собир и ќе играат против Аргентина. Вчера Хрватска направи големо изненадување и го елиминираше првиот фаворит за титулата, Бразил и тоа дури по подобро изведување на пенали.

За Хрватска ова е шесто учество на Мундијалите и трет пат стигнува барем до полуфиналето (во 1998 година беа трети, а во 2018 завршија како втори), што ја прави најуспешна земја од Балканот во историјата на СП.

Успехот на Хрватска сепак со различни емоции се доживеа во регионот. На социјалните мрежи се појави аудио снимка на која се слуша како реагира босанскиот коментатор по головите на Бразил и на Хрватска и како тој ги доживеа пеналите на оваа средба, а потоа и како реагира и коментира коментаторот од Србија.

Има ли разлика?

- Оглас -

Најнови вести