Како реагираше Јокиќ кога му кажаа дека е МВП на НБА-лигата? (Видео)

Комесарот на НБА-лигата, Адам Силвер, имаше онлајн вклучување во состанокот на екипата на Денвер нагетс и им соопшти убава вест дека Никола Јокиќ е прогласен за најкорисен играч. Јокиќ е само шести странец (роден надвор од САД) и прв во историјата на Нагетс кој бил МВП.

Уште од 2000 година не се случило некој центар да биде прогласен за најкорисен, а Јокиќ испиша историја и со тоа што како 41-ви пик на драфтот бил МВП. Сите досега кои биле МВП, биле драфтувани пред да чекаат 40 избори на други играчи пред нив.

Кога ја слушна веста, Јокиќ беше збунет, почна да добива честитки, а потоа одржа краток говор во кој им се заблагодари на соиграчите, кои имаат заслуга за неговата награда. Претходно Јокиќ изјави дека поважно му е да освои титула отколку да биде МВП.

- Оглас -

Најнови вести