29.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Како ретко кога, од седум меча во НБА, гостите се фаворит за победа на дури шест

Во најсилната кошаркарска лига во светот возбудувањата ќе продолжат ноќеска со седум натпревари. Интересно е дека на дури шест меча, гостинските екипи се во улога на фаворити за победа. Сите седум дуели се играат во различен термин, а единствен домаќин кој е во улога на фаворит е тимот на Голден Стејт вориорс во дуелот со Мајами хит.

Денвер игра дома, но за ривал го има актуелниот првак Бостон и ова може да биде еден од поинтересните дуели. Денвер има четири победи во последните пет меча и домашните кошаркари се полни со оптимизам, иако Бостон е во улога на фаворит.

Од овие седум натпревари, во понудата за „плус-минус“ постигнати поени има преку 70 кошаркари. За Никола Јокиќ да биде во „плус“ ќе мора да постигне барем 30 поени. Клеј Томпсон од Далас е на границата од 16,5 поени, а иста граница од 16,5 поени има и Бам Адебајо од Мајами.

- Оглас -

Најнови вести