Како само му успеа, од два метра не даде гол на празна мрежа? (Видео)

Леганес и Осасуна одиграа 1:1 во последниот меч од 30-тото коло на шпанската Примера дивисион. Осасуна водеше со 1:0 со голот на Ернандо, а Раба израмни за Леганес со погодок на три минути пред крајот од средбата.

Осасуна имаше шанса уште во првото полувреме да постигне гол, а најдобрата шанса ја промаши Анте Будимир. Хрватскиот напаѓач се најде во една стоостотна шанса, но не успеа да постигне гол само од два метра, и тоа кога мрежата беше празна.

Ante Budimir big miss against Leganes
byu/Fit-Owl-2898 insoccer

- Оглас -

Најнови вести