Како Самуел Ето за малку ќе останел без 40 милиони евра?

Како еден од најдобрите напаѓачи во изминативе 20-тина години, секако, треба да се вметне Самуел Ето. Фудбалерот кој е рекордер со четири награди за најдобар фудбалер во Африка, има и три титули во Лигата на шампионите, а е единствен кој успеал две години по ред да дојде до европскиот клупски трон, но со два различни клуба. Со Барселона има две титули, а откако во 2009 година се радуваше со каталонскиот гигант, замина во Интер и следната година беше на тронот како играч на Нераѕурите.

Во текот на богатата кариера, Ето има играно за: Реал Мадрид, Мајорка, Барселона, Интер, Челзи, Евертон, Сампдорија, Анжи, Анталијаспорт, Коњаспор, а кариерата ја заврши лани во дресот на Катар. Иако имаше богати договори и заработено многу пари, Ето за малку ќе останеше банкрот. Како е тоа можно?

Уште како млад 22-годишен фудбалер, Ето му дозволил на својот менаџер Хозе Марија Месалес да има целосна слобода и да располага со парите кои ги заработувал Колумбиецот. Менаџерот имал дозвола да ги користи сите пари на сметката на Ето, па Месалес започнал да купува станови во Мајорка, Барселона, Париз и Дубаи.

Компанијата за која Ето мислел дека е негова, всушност била во рацете на менаџерот, а за Ето останал само еден отсто од акциите. Дека нешто не е во ред, Ето забележал во 2011 година, кога неговата мајка во Камерун се пожалила дека не стигнува целата сума пари која требало да доаѓа кај неа.

За среќа, Ето открил дека е измамен и со помош на адвокат успеал да го врати целото богатство, иако малку фалело еден од најдобрите фудбалери во 21 век да остане без пари.

 

- Оглас -

Најнови вести