Како се „изгоре“ германскиот гигант? Баерн му дава плата од 5 милиони евра, а тој треба да игра во регионална лига

Пред само неколку години, Јан Фите Арп беше еден од најголемите таленти во германскиот фудбал. Дебитираше во Бундеслигата за Хамбургер со само 17 години и на тој начин стана првиот играч роден по 2000 година, што заиграл во германското елитно првенство.

Таа сезона Арп даде два гола и веднаш го сврте фокусот од Баерн Минхен. Германскиот гигант во 2019 година реши да го купи талентот и тоа за три милиони евра, а веднаш доби петгодишен договор. Платата му е на пет милиони евра по сезона.

Таа сезона, тренер на Баерн беше Нико Ковач, кој го поведе Арп на подготовки со првиот тим. Тинејџерот делуваше добро и во тимот веруваа дека е направен добар договор, па дури го најавуваа и како замена за Роберт Левандовски. Сепак, Арп се поверди, а кога се врати на теренот, тренер веќе не беше Ковач, туку Ханси Флик.

Арп не доби шанса кај Флик да се докаже и беше прекомандуван во вториот тим на Баерн. Оваа сезона напаѓачот ја помина играјќи во третата лига, а вториот тим на Баерн испадна и следната сезона треба да игра во регионалното натпреварување. Арп настапи на 31 меч и даде пет гола, а во последното коло воопшто го немаше во составот, иако не беше ниту повреден, ниту суспендиран.

Од Баерн бараат начин како да го испратат Арп на позајмица, но ниту еден клуб не сака да го доведе поради огромната плата која треба да ја добива.

 

- Оглас -

Најнови вести