Како се подготвува во домашни услови? Роналдо купи најсовремена комора за кислород

Кристијано Роналдо е познат како еден од физички најдобро подготвените фудбалери во светот. Иако има 36 години, Роналдо делува како да е во најдобрите фудбалски денови и е во неверојатна физичка кондиција.

За да остане во врвна форма што е можно подолго, Роналдо постојано инвестира во нови препарати. Според англиските медиуми, Португалецот неодамна нарачал најсовремена комора за кислород која треба да му помогне во одржување на физичката подготвеност.

Инвестицијата вреди 15.000 фунти и ретко може да се најде во Велика Британија. Таа комора треба да му помогне на Роналдо да вдишува чист воздух директно во крвната плазма, кој може да му помогне брзо да закрепне по тешките мечеви.

Роналдо во својот дом има комора за криотерапија дизајнирана за закрепнување на мускулите. Таа комора може да се спушти со минус 200 степени целзиусови и многу побрзо да ги релаксира мускулите од тешките физички напори.

- Оглас -

Најнови вести