Манчестер јунајтед стана првиот тим во историјата на Лигата на шампиони што успеа на гостински терен да надополни два гола негатива и да продолжи во следната фаза од елитната лига на УЕФА. Ангискиот гигант се радуваше на теренот на „Паркот на принцовите“, а славењето продолжи и во соблекувалната.