Како се случи епската сцена Хамилтон сам да биде на стартот? (Видео)

Себастијан Окон од Алпајн е сензационален победник на патеката Хунгароринг, во трката која ќе биде запамтена како една од најхаотичните. На стартот, во дождливи услови се случи инцидент во кој неколку болиди излетаа надвор, па трката беше прекината.

Додека траеше прекинот, патеката се исуши и сите болиди влегоа во боксот да ги заминат гумите. Единствено тоа не го стори Луис Хамилтон. Тогаш се случи и незапамтената сцена. Па повторениот старт на трката, па патеката беше само Хамилтон, а сите останати болиди стартуваа од боксот, но со гуми за сува подлога.

Хамилтон по само еден поминат круг мораше да влезе во боксот, па од првото место се најде на 13-тата позиција. И покрај овој голем кикс, Британецот успеа да стигне до пиедесталот и заврши на третото место на оваа трка.

Со освоените бодови на оваа трка, Хамилтон успеа да го превземе местото во генералниот пласман со 192 бодови, шест повеќе од Макс Верстапен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести