Како се случила несреќата? Авионот полетал од четврти обид, а потоа…

Потрагата по авионот кој пред два дена исчезна од радарот на летот од Нант кон Кардиф сѐ уште трае. Авионот го управувал 60-годишниот пилот Дејв Иботсон, а единствен патник бил аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала (28 години). Засега нема трага од двајцата, за кои се верува дека ги загубиле животите во оваа авионска несреќа.

Малиот авион Пајпер Малибу исчезнал додека летал над каналот Ла Манш, кој ги поврзува Англија и Франција. Иако уште не е потврдено, се верува дека тоа е авион на сопственикот на Кардиф, Винсент Тан. Првиот човек на велшкиот клуб вели дека играчот сам го организирал патот.

Летот од Нант кон Кардиф е меѓународен и прекуморски и затоа мора да се има задолжителен план и да се држи по договорената рута. Англиските таблоиди пишуваат дека авионот од Нант полетал дури од четврти обид. Експертот Жорге Поланко вели дека воопшто не смеело да се дозволи авионот да полета.

„Пајпер Малибу е мал авион со еден мотор и има капацитет за седум патници. Изненаден сум како го организирале летот да биде навечер бидејќи сега е зима. Тоа е како да летате на Антарктикот во зима. На авион со таква големина може да му се случи да смрзне, што доведува до откажување на моторот“, објаснува Поланко.

Авионот полетат во 20:15 часот, а во текот на летот сè до пред самото исчезнување не бил пријавен никаков проблем или дефект. Се патувало на надморска височина од 1524 метри кога пилотот побарал да му биде дозволено да се спушти на 700 метри. Тогаш бил направен и последниот контакт со луѓето во контролната кула, а пилотот побарал принудно да слета. Сепак, тоа не се случило, а авионот од радарот на контролната кула во Лондон исчезнал во 21:30 часот. Што се случувало по тој момент, останува мистерија.

- Оглас -

Најнови вести