Како Шпанија го доби прекарот Црвена фурија

Фудбалската репрезентација на Шпанија, која е една од најдобрите на светот и на претстојниот Мундијал во Катар, ќе биде еден од главните фаворитите за трофејот, меѓу навивачите е добро позната и по уште едно име – Црвена фурија.

Овој прекар Шпанија го доби на Олимписките игри во Антверпен во 1920 година поради карактерот и играта што фудбалерите ги прикажуваа на теренот, како и поради бојата на дресовите.

Со текот на времето тој прекар падна во заборав и беше заменет со Црвените (Ла Роха). Така беше сè до доаѓањето на Луис Арагонес за селектор во 2004 година, кога тој побара покрај Фурија да биде прекарот кој го дава идентитетот на тимот.

Арагонес ја врати славата на Црвената фурија на 2008 година, кога Шпанија на доминантен начин триумфира на Европското првенство што се играше во Австрија и Швајцарија. Шпанците на тоа Европско првенство на доминантен начин ја освоија титулата, на сите натревари ги одуваа противниците и во целост го оправдаа епитетот Црвена фурија.

Шпанија доминираше и во наредните четири години, Фуријата стана светски шампион во 2010 година и ја одбрани титулата на ЕП 2012 година и оттогаш фановите во целиот свет репрезентацијата ја нарекуваат Црвена фурија отколку по името на земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести