Баерн Минхен и Борусија Дортмунд одиграа 2:2 во дербито на 29. коло во германската Бундеслига. Овој меч уште еднаш потврди дека без разлика каде се наоѓаат на табелата, кога се игра најголемото дерби во Бундеслигата, секогаш постои неизвесност. Баерн останува лидер на табелата со 69 бодови, а Борусија заостанува дури 27 бодови и е на осмото место на табелата.
Во првото полувреме немаше погодоци, но затоа во вториот дел следуваше гол-шоу. Први на погодок се израдуваа гостите. Макси Баер одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и донесе радост за Борусија Дортмунд.
Голот на гостите како да ги разбуди фудбалерите на Баерн. Се играше Рафаел 65 минута кога Гереро израмни на 1:1.
Само четири минути по израмнувањето, Баерн постигна и втор гол. Серж Гнабри направи соло-продор и пласираше во мрежата на гостите за водство на домаќините од 2:1.
Сепак, тука не беше крајот на возбудувањата. Следуваше одговор на Борусија. Милионерите со голот на Антон во 75 минута израмнија на 2:2.