Како што личи за нов почеток – Првиот гол во Данска конкурира за погодок на сезоната (Видео)

Рандерс освои еден бод против Орхус со реми 1:1 во првиот меч по рестартирањето на сезоната во Данска, а голот што за гостите го постигна Австриецот Симон Писингер е вистинско ремек-дело.

Стоперот на гостите одлучно тргна кон противничката половина во 36-тата минута и само што го мина центарот на игралиштето, упати прецизен удар од огромна далечина, со кој го лобуваше Вилијам Ескелинен, голманот на Орхус.

Швеѓанецот, кој брани за третопласираната екипа во првенството, се обиде да реагира, но не успеа да спаси водство на гостите. Орхус се спаси од пораз со погодок во 92-рата минута, дело на Мортенсен.

Писингер постигна вистински еврогол што комотно може да конкурира за гол на сезоната во Данска. По ремито во првиот меч во првенството, кое се рестартираше по долга пауза од два и пол месеци, Орхус остана на третото место со 41 бод на 24 натпревари, а Рандерс е седми со 25 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести