15.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Како што му доликува на капитен – Полчасовно гол-шоу на Тричковски во Софија (Видео)

Иван Тричковски погоди двапати за само половина час игра на „Васил Левски“ во Софија и веќе го однесе својот тим во следното квалификациско коло за настап во Лигата на Европа.

Првиот гол против Левски во реваншот во Софија, Тричковски го постигна во 8. минута од пенал, а потоа беше прецизен и во 29. минута.

https://streamable.com/nud5k

Тричковски е капитен на АЕК Ларнака, клуб што веќе има вкупна предност од 5:0 и е речиси сигурен патник во следното квалификациско коло.

https://streamja.com/VX9b

 

- Оглас -

Најнови вести