Како што му доликува на шампионот – Реал Мадрид со стотка тргна во одбрана на титулата

Шампионски со стотка како што му доликува на 10-кратниот европски првак тргна новата сезона во Евролигата. Актуелниот бранител на трофејот Реал Мадрид славеше убедливо со 109:93 против Дарушафака и најави амбиции за 11. европска ѕвездичка.

Ентони Рендолф со 16 поени беше најефикасен кај Реал Мадрид, а Џејси Керол беше втор стрелец со 14 поени. Најефикасен на мечот беше Реј Мекалум со 18 поени во поразениот табор.

Убедлива победа забележа и ЦСКА Москва со 95:75 против Барселона, а со еден поен разлика помалку славеше и Анадолу Ефес Пилсен во Минхен против Баерн. Турците победија со 90:71, што беше единствената гостинска победа вечерва во премиерниот ден од Евролигата.

Во дербито Панатинаикос со 89:84 го победи Макаби во Атина.

- Оглас -

Најнови вести