Како што се очекуваше, нерешено на полувреме на мечот кој “треба” да заврши реми

Словачка и Романија играат 1:1 по првото полувреме на меч од решавачкото трето коло пд групната фаза. Ова реми е и повеќе од очекувано ако се знае дека со освоен бод, двете селекции ќе продолжат во осминафиналето.

По асистенција на Куцка, Дуда со глава погоди за 1:0 во 24 минута. Кратко траеше радоста на Словачка, затоа што беше досуден пенал за Романија, а Разван Марин беше прецизен од белата точка за 1:1.

Нерешено е и на вториот меч кој се игра од оваа група меѓу Украина и Белгија, но таму нема погодоци.

Акп останат овие резултати на крајот, Романија ќе биде прва во групата, пред Белгија и Словачка, а единствено Украина ќе извиси и ќе остане на последното место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести