Како со малку труд да направите спортско катче во домот?

Ако сте личност што ужива во викенд поминат со спортски натпревари, тогаш сигурно често размислувате како да ја направите забавата уште поинтересна. Гледањето дерби со пријателите е мошне интересно, но искуството секогаш може да се подобри.

Во светот се исклучително популарни таканаречените man caves или катчиња за забава на мажите. Типично, мажите се тие што уживаат во неколкучасовно гледање натпревар и дружење со пријателите во домашни услови, па многумина создаваат вистински царства исполнети со реквизити во кои уживаат безусловно.

ОД ЏИНОВСКИ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОРИ ДО ФЛИПЕРИ 

Ширум светот некои мажи посветуваат исклучително големо внимание на создавање вистински царства во кои има сè што може да посака еден возрасен маж за да го помине слободното време со пријателите.

Од џиновски плазма телевизори што личат на киноплатна до омилените флипери на кои многумина го поминаа детството – ваквите катчиња претставуваат мал рај во кој мажите уживаат да го поминуваат времето.

СО МАЛКУ ТРУД, СОЗДАЈТЕ ВАШЕ ЛИЧНО КАТЧЕ 

Разбирливо е дека многу поретки се македонските мажи кои имаат можност да преуредат и да декорираат една соба од својот дом за лични потреби. Вообичаено, македонските домови се помали и просторот е целосно искористен, но доколку имате гаража, подрум или таван, можеби имате можност за вакво нешто.

Прво, размислете што сакате најмногу да имате во вашето катче. Доколку уживате во спортски натпревари, фокусирајте се на голем плазма телевизор, кој ќе биде доминантен и ќе го исполни просторот. За време на Black Friday попустите можете да најдете одлична понуда на ТВ-уреди, па одберете го совршениот и нарачајте го со достава до вашата адреса.

Потоа обезбедете удобни фотелји. За целосно уживање не смеете да си дозволите обични столчиња или трпезариска маса, туку удобни фотелји покрај кои ќе поставите мали маси, на кои ќе има доволно грицки и простор за големите кригли пиво.

Секако, фрижидерче полно со пиво и разни други пијалаци е одлична идеја, а ако сакате вистинско искуство како од англиските пабови, шанк и високи барски столчиња ќе направат комплетно поинакво искуство и слика од која сите ваши пријатели ќе занемат и ќе бидат одушевени.

Доколку има простор, маса за билјард или за пинг-понг ќе биде одличен избор за дружба со пријателите кај вас. Ако просторот е мал, пикадо е полн погодок, во буквална смисла на зборот.

ВКЛУЧЕТЕ ГЕЈМЕРСКИ СЕТ ЗА ЦЕЛОВЕЧЕРНИ ГЕЈМИНГ СЕАНСИ 

Не уживаат сите во спортски натпревари во кои скапо платени спортисти не го даваат максимумот што се очекува од нив. Некои луѓе уживаат во целовечерни гејминг сесии. За таа цел, масите за билјард или пинг-понг заменете ги со гејминг конзола или гејмерски лаптоп, во придружба со сета останата потребна технологија.

Зависно од тоа дали сте фан на PC или на конзоли, обезбедете го тоа што ви е потребно и поврзете го со големиот телевизор што веќе го споменавме. Чувството кога играте на мал монитор или огромен екран е неспоредливо, а ако тоа го надополните со големи и удобни фотелји, во кои ќе ги сместите најдобрите пријатели, тогаш забавата е загарантирана.

КОЈА Е ЦЕЛТА НА ЕДНО ВАКВО МАШКО КАТЧЕ?

Сите ќе се согласат дека понекогаш ни треба мир и релаксација од сè што се случува надвор. Секој ужива во нешта што го прават среќен, а многу мажи ваквата идеја ја гледаат како идеално решение за моментите во кои сакаат да побегнат од секојдневието.

Наместо да одите по барови или ресторани за да гледате натпревар со пријателите, создајте ги тие услови во домашна атмосфера. Најдобрата работа е што можете да испиете колку што сакате пиво без да се грижите како ќе дојдете дома.

Во ваквото катче никој нема да дојде да ви каже дека е време да го напуштите локалот, ниту ќе треба да се правдате за вревата, особено ако подрумот го преуредите во едно вакво машко катче.

Посветете неколку викенди на преуредување и викнете ги пријателите да ја поминете саботната вечер заедно гледајќи натпревари од Премиер лигата, НБА-натпревар или нешто слично. Гарантирано ќе се забавувате како во младоста.

- Оглас -

Најнови вести