Како Струга нема друга, публика си има и покрај забраната на стадионите во Македонија

Како Струга нема друга, а повторно на мечот на нашиот прволигаш имаше публика и денеска против Пелистер. И покрај забраната за присуство на навивачи, видливо беше дека на Градскиот стадион ги има, а особено бурно реагираа во судиското продолжение, кога бараа пенал за својот тим.

Судијата Иванов од Велес не досуди казнен удар за стружани во 93-тата минута, откако само 60 секунди претходно Пејаковиќ со гол му донесе предност на Пелистер.

Имаше и пцовки од трибините и протест на играчите на Струга Трим Лум, но попусто бидејќи Иванов не попушти и не ја смени одлуката што можеше да ги спаси стружани од првиот пораз сезонава на домашен терен.

Во претходните 10 меча на домашен терен, Струга Трим Лум не доживеа ниту еден пораз, но денеска ги изненадија битолчани со триумф од 0:1.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести