Дуелот меѓу Форфар и Мадервел во женската фудбалска лига на Шкотска ќе биде запамтен по чудната одлука на главната судијка, која реши да ја скрати радоста на гостинските фудбалерки. Домаќинките водеа со 3-2, се играа последните секунди од мечот, а гостинките ја добија топката за последен напад.
Во моментот кога беше упатен удар кон голот, арбитерот реши да означи крај. Топката заврши во голот, гостинките се радуваа, но судијката покажа дека едноставно отсвирила крај и дека мечот е завршен со победа на Форфар од 3-2.