29.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Како светските медиуми го видоа поразот на Ѓоковиќ: Падна кралот

Новак Ѓоковиќ не успеа да се избори по 11-ти пат да се бори за титулата на Австралија опен откако утринава со 3-1 во сетови загуби од Јаник Синер во полуфиналето. Ова е прв пораз на Ѓоковиќ во полуфиналето на гранслем-турнирот во Мелбурн и за светските медиуми беше главна вест кој објавија интересни наслови.

Француски „Лекип“ имаше краток наслов „Падна кралот“, а шпанска „Марка“ одеше со наслов: Грешникот (Синер) го уби кралот“.

„Досега невидено: Синер ја уништи легендата за Ѓоковиќ на Австралија опен“, објави „Мундо депортиво“, а „Ас“ имаше наслов: Синер го сруши Ѓоковиќ.

Англиски „Дејли мејл“ имаше долг наслов: Нема враќање назад за Ѓоковиќ: Новак првпат по шест години загуби на Австралија опен, Јаник Синер го симна од тронот десеткраниот шампион во доминантна победа во четири сета.

Јаник Синер ја прекина серијата на Ѓоковиќ од 33 победи и се пласира во финалето на Австралија опен, пишува „Гардијан“.

- Оглас -

Најнови вести