Како Тоти би реагирал ако син му потпише за Лацио?

Легендата на Рома, Франческо Тоти, изјави дека ќе размисли ако неговиот син добие понуда да заигра за Лацио, но не верува дека тоа би можело да се случи. Иконата на Волчицата целата кариера ја мина во еден клуб, Рома, и иако управата го принуди да се пензионира, неговата љубов кон клубот е неизмерна.

Синот на Тоти, Кристијан, член е на младинската школа на Рома, па теоретски можно е да замине и во градскиот ривал Лацио.

„Јас да се прашувам, би размислил. Но, познавајќи го Кристијан, тој не би ни седнал на маса за да ја слушне понудата. Тоа би била иста рекација како мојата, кога јас и мајка ми добивме понуди од Рома и Лацио додека бев во Лодиџани“, вели Тоти.

Тоти имал неколку прилики да си замине, најблиску бил до трансфер во Реал Мадрид во 2004 година, сепак ѝ остана верен на Рома иако знаеше дека тоа ќе значи помалку освоени трофеи. Тој може да се врати во клубот само ако се смени раководството на чело со претседателот Џим Палота, со кого е во лоши односи.

- Оглас -

Најнови вести