Како што тргна, може да има дуели меѓу Црвена ѕвезда и Динамо, ама во Лигата на Европа (Видео)

Динамо Загреб доживеа неочекуван дебакл од 3:0 во Тираспол и ќе има исклучително тешка задача во реванш-финалето за настап во Лигата на шампионите за една седмица.

Адама Траоре беше незадржлив за одбраната на популарните Модри и со два гола го потопи фаворитот од Загреб. Еден гол постигна Коловос, на меч на кој Стефан Ристовски одигра како десен бек за гостите од почеток до крај.

Вториот гол на Траоре можете да го погледнете ОВДЕ.

Шериф го расипа можниот двомеч меѓу Црвена ѕвезда и Динамо Загреб во финалната квалификациска фаза за настап во ЛШ откако ја елиминира Црвена ѕвезда во претходната фаза, а сега ги декласира и загрепчани и е блиску до историски настап во ЛШ.

Црвена ѕвезда во меч од Лигата на Европа го декласира Клуж на домашен терен со 4:0 и е блиску до настап во фазата по групи во Лигата на Европа.

Павков, Катаи, Бен и Иваниќ ја наполнија до врв мрежата на Романците на Маракана, па реваншот би требало да биде само формалност.

Ако и Динамо не успее да го елиминира Шериф, тогаш сепак ќе биде можен двомеч меѓу Црвена ѕвезда и Динамо во некоја од групите во Лигата на Европа.

На пат кон Лигата на шампионите е Шахтар Донецк по големиот триумф вечерва против Монако на гости со 1:0, а Салцбург со пресврт успеа да го победи Брондби со 2:1 и ќе има предност од гол за реваншот во Данска.

 

- Оглас -

Најнови вести