Како успеаја да не дадат гол, беа шестмина сами пред голманот (Видео)

Екипата на Динамо од Врање го победи Раднички 1923 со 2-1 во меч од првата српска лига (второ по ранг натпреварување кај нашиот северен сосед), а една нереализирана шанса на гостите од почетокот на второто полувреме стана хит на интернет. Играчите на Динамо поставија неуспешна офсајд замка, па во еден момент дури шестмина играчи на Раднички од Крагуевац се најдоа очи во очи со голманот.

Следуваше нафрлување и шут кој голманот на Динамо одлично го одбрани, а по одбиената топка, гостите ја погодија пречката. По оваа шанса, дојде казната и Динамо даде гол за 2-0, па Раднички подоцна само го ублажи поразот.

Погледнете го шоуто:

- Оглас -

Најнови вести