Како вино е – Најстариот играч на Милан има најголема плата (Фото)

Златан Ибрахимовиќ е највозрасниот играч во составот на Милан, за една седмица, односно на 3 октомври ќе го прослави 40-тиот роденден, а сè уште е класа и е најплатен играч кај италијанскиот гигант.

Годишната плата на популарниот Ибракадабра е околу 9,7 милиони евра бруто, или со одбиен данок 7 милиони евра.

Зад него е капитенот Алесио Ромањоли со бруто-плата од 6,48 милиони евра, или нето околу 5 милиони евра. Хрватот Анте Ребиќ и Оливие Жиру го делат третото место со по 4,59 милиони евра бруто, или малку над 3,5 милиони евра во нето-износ.

 

Денеска е објавено дека Милан во сезоната 2020/21 има вкупна загуба од 96,4 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести