Како вистински капитен: „Бомбата“ на Кузмановски во последната секунда (Видео)

Во меч на кој Македонија можеше да победи, но и да загуби, нашата репрезентација одигра 29:29 против Австрија во првиот меч од втората фаза на Светското првенство во Хрватска.

При нерешен резултат на две минути до крајот, капитенто Филип Кузмановски промаши пенал, а потоа противниците стигнаа до предност. Сепак, Макдонија не се предаде, а токму Кузмановски повторно ја презеде одговорноста и овојпат не погреши. Имаше само четири секунди до крајот кога нашата селекција тргна од центарот, а Кузмановски со шут од далеку успеа да погоди за реми буквално во последната секунда од средбата.

- Оглас -

Најнови вести