Како во бајка: историска светска титула во снукер шампионатот

Лука Бресел од Белгија е нов светски првак во снукер, откако во големото финале успеа да го победи фаворизираниот Марк Селби со 18:15. Бресел е првиот светски првак кој доаѓа од Европа, а тоа да не биде од Велика Британија.

Вистинска сензација е Бресел кој во текот на целото Светско првенство покажа неверојатна стабилност и верба во себе, затоа што во четвртфиналето и полуфиналето имаше сензационални камбека.

Во четвртфиналето, Бресел губеше со 6:10 од Рони О’Саливен, но на крајот успеа да направи пресврт и на крајот победи со 13:10. Во полуфиналето против Џијаху, белгискиот снукерист губеше со 5:14, но повторно успеа да се врати во игра и на крајот славеше со 17:15, што значи дека направи неверојатна серија од 12:1, за пласман во финалето.

Во дуелот за трофејот, Бресел против себе го имаше четирикратниот светски првак Селби, но Белгиецот успеа бајката да ја комплетира со освојување на првиот светски пехар во снукер конкуренцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести