Како во бајка: Пред три дена беше на одмор во Косово, а потоа доби повик и даде гол на првиот меч на ЕП 2024 (Видео)

Германија синоќа стигна до историска победа откако со 5:1 славеше над Шкотска во првиот меч на ЕП 2024. Ова е најубедлива победа на отворање на едно континентално европско натпреварување.

Меѓу стрелците се запиша и Емре Џан, фудбалерот кој воопшто не беше планиран да биде дел од германската репрезентација. Џан беше на одмор во Косово, кога доби повик од селекторот Јулијан Нагелсман да се приклучи на националниот тим на местото на повредениот Александар Павловиќ.

Играчот за врска воопшто не се двоумеше, го прекина одморот на Косово и се врати во Германија. Беше резерва, но доби шанса во финишот на дуелот против Шкотска и постигна гол за 5:1.

„Луда приказна. Пред само два дена бев на годишен одмор. Ми се јавија во средата, се приклучив на тимот и одработив само еден тренинг. Добив шанса, влегов во игра и дадов гол. Пресреќен сум и благодарен на Јулијан што ме повика во неговиот тим“, рече Џан синоќа по мечот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести