Како во бајките: Мурињо му го презеде кормилото, па му отвори работна позиција во клубот од каде што беше избркан

Се чини дека Тотенхем погоди со изборот на Жозе Мурињо да биде наследникот на Маурисио Покетино на клупата. Петлите полека, но сигурно повторно прераснуваат во конкуренетен тим како што беа претходно со аргентинскиот стратег.

Доказ за тоа беше големата победа над Манчестер јунајтед од 6-1 на „Олд Трафорд“, по што се вклучи алармот во таборот на Црвените ѓаволи. Фијаското кое го доживеа 13-кратниот англиски шампион може да биде крај на авантурата на Оле Гунар Солскјер.

Според англиските медиуми, нов лош резултат на Јунајтед ќе значи и отказ за Солскјер бидејќи неговите избраници веќе запишаа два порази во Премиер лигата од три меча кои ги одиграа, а и двата се на домашен терен, ако се памети победата на Кристал палас од 3-1 на „Театарот од соништата“.

Управата веќе е во потрага по нов менаџер, кој ќе има тешка задача да го врати тимот на победничките патеки, а „пожарникарот“ кој ќе го гаси пожарот може да биде токму Покетино. Екстренерот на Еспањол и Тотенхем речиси една година е без работа по отказот во декември минатата година. Чека вистинска шанса, а по сите изгледи, и ја дочека, а доби голема помош од човекот кој беше избркан од Манчестер.

- Оглас -

Најнови вести