Неверојатни информации доаѓаат од весникот „Марка“, којшто тврди дека сопственикот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи и спортскиот директор Леонардо направиле невиден инцидент.
Тие на полувремето против Реал Мадрид влегле во соблекувалната за судиите, каде што се обиделе да му извршат притисок на главниот арбитер Даниеле Орсато бидејќи биле незадоволни од судењето по првите 45 минути.
Иако ова е навистина невидена ситуација во најелитното клупско натпреварување, на Балканот е доста честа појава во пониските лиги, па и во најсилните, каде што сето тоа се премолчува. Останува да се види дали ќе има реакција од УЕФА, иако од „Марка“ сметаат дека такво нешто нема да има бидејќи претседателот на Европската куќа на фудбалот, Александар Чеферин, и Ал-Келаифи се едни од најголемите борци против Суперлигата, чија идеја е, пак, на Флорентино Перес, првиот човек на Реал Мадрид.