Како во најубавите денови: Олд Трафорд се „тресеше“ со голот постигнат во „Ферги времето“ (Видео)

Манчестер јунајтед минимално со 1:0 го обеди Вест хем на „Олд Трафорд“, благодарение на голот на Маркус Рашфорд. Резултатот беше 0:0 до 92 минута, а тогаш Манчестер тргна во последниот напад, затоа што судијата покажа само три минути дополнително време.

Црвените ѓаволи изведоа одличен контра напад, Кавани асистираше, а на Рашфорд му остана полесната работа, да погоди во празната мрежа од неколку метри. По погодокот на Рашфорд, трибините на „Олд Трафорд“ буквално експлодираа од радост.

Посебен кејф за навивачите, посебно оние постарите е дека голот за победа е постигнат во судиското надополнување. Во минатото, дополнителното време од судиите се нарекуваше и „Fergi time“, односно „времето на Фергусон“, како асоцијација дека додека легендарниот сер Алекс беше на чело на Манчестер, клубот имаше многу магични победи со погодоци во последните секунди.

Сите на „Олд Трафорд“ се потсетија на тоа време кога Манчестер јунајтед беше и доминантен клуб во Англија, но овојпат трите бода против Вест хем значеа само скок на четвртото место за најтрофејниот клуб во Англија.

- Оглас -

Најнови вести