Фудбалската репрезентација на Косово има нов селектор, тоа е Словенецот Примож Глиха.
На 55-годишниот Глиха тоа му е добро позната средина бидејќи пред две години беше привремен селектор, а и во минатото, пред распадот на некогашна СФР Југославија, има служено војска во базата Слатина на аеродромот во Приштина.
„До пред 30 години живеевме во иста држава, Косово не е далеку од Словенија. Јас една година бев во војска тука и го познавам менталитетот на луѓето“, рече Глиха во 2021 година, кога Косоварите го наименуваа за в.д. селектор.