На францускиот првак ПСЖ му беа потребни помалку од 10 минути да поведе на гостувањето кај Клермон во првото коло од Лига 1.
Стрелец на голот е Нејмар, но главната тема е нереалната асистенција на Лионел Меси. Како да има очи на вратот, Аргентинецот свртен со грбот од прва со пета го проигра Нејмар, а овој рутински ја затресе противничката мрежа за 1-0 во деветтата минута.
Во меѓувреме Хакими зголеми на 2-0, овојпат стрелецот Нејмар се најде во улога на асистент.