Како? Вонземјанска асистенција на Меси до Нејмар (видео)

На францускиот првак ПСЖ му беа потребни помалку од 10 минути да поведе на гостувањето кај Клермон во првото коло од Лига 1.

Стрелец на голот е Нејмар, но главната тема е нереалната асистенција на Лионел Меси. Како да има очи на вратот, Аргентинецот свртен со грбот од прва со пета го проигра Нејмар, а овој рутински ја затресе противничката мрежа за 1-0 во деветтата минута.

Во меѓувреме Хакими зголеми на 2-0, овојпат стрелецот Нејмар се најде во улога на асистент.

 

- Оглас -

Најнови вести