Како воопшто да немал долга пауза, Надал ги гази противниците (Видео)

Рафаел Надал немаше проблем против Џејсон Кублер (102 на АТП листата), го разби со 6-1, 6-2 и се пласира во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн.

За Надал тоа е 225-то АТП четвртфинале во кариерата, прво од Вимблдон 2022 наваму. По убедливата победа над Доминик Тим, го прегази и Кеблер, со што покажува дека 11-месечната пауза не оставила преголема трага врз неговата форма. Интересно е дека Надал доби опомена од судијата за предолгото задржување во тоалет помеѓу двата сета.

И следниот противник ќе му биде Австралиец, тоа е Џордан Томпсон.

Погледнете го најатрактивниот поен на Надал денеска:

https://twitter.com/i/status/1742835794396451248

- Оглас -

Најнови вести