Фудбалерите на Њукасл се согласија да донираат 30 отсто од својата плата за да се зголеми фондот за борба против корона-вирусот. Во Њукасл има и играчи кои не добиваат премногу голема плата како за фудбалери во Премиер лигата, но се согласија и тие да донираат.
Еден од таквите е и Матје Бен Лонгстаф, кој има неделна плата од 850 фунти. И покрај тоа што оваа плата е многу помала од платата која ја добиваат главните фудбалери во Њукасл, Матје реши да биде солидарен и да донира во фондот за борба против корона-вирусот.