Војводина со 1:0 го победи Партизан во меч од последното коло во домашното првенство на Србија. Дуелот не решаваше многу, затоа што Партизан беше сигурно втор, а тимот од Нови Сад имаше загарантирано трето место на табелата. Човиќ од пенал во 14 минута го даде погодокот кој се покажа како решавачки.
Дуелот сепак не заврши спортски, откако по завршување на 90 минута се случи хаос. Само што судијата означи крај на средбата, фудбалери на дваа тима почнаа прво со вербални закани, а потоа имаше и физички контакт. На една од снимката се гледа како фудбалерот на Партизан Игор Вујаниќ добива удар во глава, а во мешаницата учествува и тренерот на Војводина, Ненад Лалатовиќ.
Овие жестоки пресметки на дуелот во Нови Сад се како најава за финалето на Купот на Србија кое се игра на 24 јуни, а во мечот за трофејот, учесници ќе бидат токму Партизан и Војводина.