Како загревање за последниот ден од втората фаза – Топ-5 моменти на Мундијалот (Видео)

Мундијалот во Египет ќе финишира со втората фаза денеска, со последните шест натпревари, по кои ќе бидат познати сите четвртфиналисти.

Има интересни пресметки, а најнеизвесно е во втората група, каде што Аргентина, Хрватска и Катар имаат шанси да ѝ се приклучат на Данска во нокаут-фазата.

Пред стартот на натпреварите од 15.30 часот денеска и за загревање за новите мундијалски возбудувања во Египет погледнете ги најдобрите пет потези и моменти од вчерашните дуели.

- Оглас -

Најнови вести