Како Злате за еден гол ја загуби трката за освојување на Ајфонот!?

Во последното коло од втората сезона на Спортска прогноза можеше да се случи толку посакуваната Среќна 13-ка, но, за жал, еден погодок ја скрати радоста на Злате И. По досега одиграни 12 меча од понудата на Спортска, Злате има 11 погодоци. Мајсторски погоди дека Челзи ќе слави против Манчестер јунајтед во ФА купот, ремито меѓу Рома и Интер, но и уште девет други дуели.

Единствениот кикс на лидерот во ова коло на Спортска прогноза му е на мечот Парма – Сампдорија. Злате има прогнозирано дека тој меч ќе заврши нерешено, а на крајот гостите победија со 3:2. Интересно е што Парма на полувремето водеше со 2:0, а во вториот дел Сампдорија направи целосен пресврт. Погодокот за победа гостите го дадоа во 78-мата минута. Токму овој промашен пар го спречи најдобриот од ова коло да стигне до вредниот „ајфон ХС“.

И покрај утката, Злате има шанси да стигне до вреден подарок, а тоа е вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life. За да добие ваучер од 1.000 денари, потребно е Јувентус вечерва да го победи Лацио. Ако Старата дама киксне, тогаш ваучерот ќе биде 500 денари, што значи дека подарокот му е загарантиран.

Можност за добивање ваучер од 500 денари имаат уште седуммина играчи на Спортска прогноза кои досега имаат 10 погодоци. Ако на крајот стигнат до 11 погодени, заслужено ќе си го добијат подарокот од Sport Life.

Вечерва се игра дербито во Серија А меѓу Јувентус и Лацио, меч со кој се спушта завесата на возбудливата втора сезона на Спортска прогноза.

- Оглас -

Најнови вести