Каков беше рецептот на Аталанта за победа? Ја ставија легендата во изолација

Златан Ибрахимовиќ е незадоволен по високиот пораз со 0:3 против Аталанта, а вели дека се чувствувал како изолиран на теренот, најмногу поради извонредната тактика на гостите од Бергамо.

„Не сум задоволен по ваков пораз, иако бевме хендикепирани со неиграње на неколку стандардни првотимци. Бев како изолиран на теренот и кога ќе примев топка немаше со кого да соработувам. Ни одиграа со висок пресинг и не се снајдовме најдобро.

Имаме многу повредени играчи, дел од тие што играат се неискусни, но два порази на 38 натпревари сепак е одличен учинок. Сега не смееме да паднаме, да ја загубиме самодовербата. Мора да продолжиме да работиме напорно и да играме подобро“, вели Ибрахимовиќ.

Милан и покрај поразот остана лидер на табелата со 43 бода, но сега неколку екипи се вратија во игра за титулата, или со победи денеска можат да се доближат до врвот на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести