Каков дебакл на Тотенхем, прими пет гола за 20 минути

Продолжува агонијата за Тотенхем во вториот дел од сезоната и на денешното дерби против Њукасл, за само 20 минути игра во првото полувреме, прими дури пет гола.

Катастрофата на Петлите ја најави Џејкоб Марфи уште во првата минута. Хаосот во одбраната на Тотенхем, најдобро се примети четири минути подоцна кога Жоелинтон им избега на дефанзивците и зголеми на 2:0. Во деветтата минута веќе беше 3:0,а стрелец на голот беше Марфи.

Во следните десет минути, Њукасл постигна уште два гола, а во листата на стрелци се запиша Александер Исак.

Ако не ја подобрат играта во вториот дел, на Петлите црно им се пишува на „Сент Џејмс парк“.

- Оглас -

Најнови вести