Средата отсекогаш бил ден наменет за спортот, но оваа среда е навистина фудбалска. Мечеви се играат во сите Топ 5 лиги во Европа, но и во најголем дел од останатите првенства на Стариот Конетинент. Едноставно, понудата за обложување е како за викенд-шемата.
Во Премиер лигата се играат шест меча, а дерби не само во Англија туку и во цела Европа вечерва е дуелот Ливерпул – Тотенхем. Двете екипи кои се на водечките две позиции во Премиер лигата ќе се сретнат на „Енфилд роуд“. Вечерва на мегдан, и тоа како домаќини, ќе бидат и Арсенал, потоа Лидс на нашиот Езџан Алиоски, Лестер…
Во Франција вечерва се игра комплетното 15-то коло, а ќе биде интересно да се види дали Лил и Лион ќе успеат да останат пред шампионот ПСЖ. Дури седум меча има и во Серија А, каде што дербито е во Торино меѓу Јувентус и Аталанта, но секако дека ќе биде интересно и на дуелот Интер – Наполи. Џенова на Горан Пандев ќе биде домаќин на лидерот Милан, а и останатите дуели се примамливи за обложување.
Баерн Минхен ја загуби челната позиција во Бундеслигата и вечерва Баварците на свој терен треба да освојат три бода против Волфсбург. Лидерот Баер Леверкузен има тешко гостување кај Келн, а дербито е меѓу Хофенхајм и Лајпциг.
Во шпанската Примера дивисион се игра еден меч, но тој е дерби. Барселона на „Камп ноу“ го пречекува лидерот Реал Сосиедад, кој нареди три нерешени во последните три кола. Понудата во Sport Life за сите овие мечеви е одлична и очекуваме дека средата ќе биде навистина среќна во правењето добитен тикет.