Каков ден за Араухо: Потпиша за Барселона до 2031, а потоа клекна и ја побара девојката за жена

Барселона ги реши сите дилеми околу останувањето на Роналд Араухо откако му го продолжија договорот до јуни 2031 година. Уругвајскиот репрезентативец на „Камп ноу“ дојде во 2019 година и веќе ја игра шестата сезона за каталонскиот гигант.

Араухо има одиграно 155 меча за Барселона, во кои постигна и осум гола. Изминативе неколку недели се шпекулираше за негово заминување, но Барселона со овој договор стави крај на сите дилеми.

Само што го потпиша договорот, Араухо се реши на уште еден многу важен потег. Тој реши да клекне на колена и да ја побара својата девојка за жена.

- Оглас -

Најнови вести