Мохамед Салах е голем џентлмен и е меѓу омилените играчи без разлика на клупкста определба на навивачите, а со изјавата дека сака да го види Хари Кејн на теренот во финалето во Мадрид, пак ги освои симпатите.
Во интервју што го правеше познатиот Гари Линекер, Салах рече дека знае како е да не се игра во финале на ЛШ. Лани против Реал Мадрид, египќанецот се повреди во дуел со Серхио Рамос и по само половина час мораше да го напушти теренот, а без него Ливерпул загуби со 1:3.
„Сакам да го видам Кејн од самиот почеток на финалето во Мадрид. Сакам да играм против најдобрите, а и знам како е да не можеш да играш ваков меч за најпрестижната титула во Европа“, изјави Салах.
Кејн нема настап од 9. април кога го повреди скочниот зглоб, сега е подготвен за настап, но е и веројатно најголемата дилема на тренерот Покетино, дали да го вклучи во стартниот состав на Тотенхем, вечерва во финалето на ЛШ во Мадрид.