Џенаро Гатузо морал да го истрпи и изметот во своите чорапи како луд гест на пречек од Пол Гаскоњ во Глазгов ренџерс, но популарниот Рино вели дека машки ги издржал сите лудории на легендата.
„Имав само 19 години кога пристигнав во Глазгов ренџерс и веднаш ме пречека Пол Гаскоњ со неговите лудории. Се туширав во соблекувалната по првиот тренинг и оддеднаш почуствува грозен мирис. Кога го отворив мојот шкаф, чорапите ми беа полни со измет, а сите во соблекувалната се смееја. Знаев дека е Гаскоњ. Сепак, не се жалам, ги истрпев сите лудории на Пол и можам да кажам дека минав прекрасна сезона во Глазгов ренџерс. Таму се игра машки фудбал, без компромис, токму како што ми одговара. Се чувствува дека сум Пкот, кој е роден во Калабрија“, се потсети Гатузо на времето минато во редовите на еден од најтрофејните европски клубови.
За Глазгов ренџерс играше во сезоната 1997/98 и, за жал, не освои ниту еден пехар со 54-кратниот првак на Шкотска. Одигра 34 натпревари и постигна 3 гола, а потоа замина во редовите на Салернитана, од каде што се пресели во Милан.
Гатузо потоа играше само уште и за швајцарски Сион, а вели дека сезоната во Шкотска е незаборавна епизода за него. Моментно популарниот Рино е тренер на Наполи, каде што игра нашиот фудбалски бисер Елиф Елмас.