Каков е меѓусебниот биланс на Меси и Роналдо?

Лионел Меси и Кристијано Роналдо ги очекуваат 37-миот и 38-миот меѓусебен дуел откако ждрепката во Лигата на шампионите одлучи дека треба да играат Пари Сен Жермен и Манчестер јунајтед.

Двајцата фудбалери кои ги одбележаа последните 15-тина години во светскиот фудбал создадоа голем ривалитет како на лично ниво така и на клупски план.

Во досегашните 36 меча на Меси во дуели со екипи во коишто играл Роналдо, Аргентинецот има биланс од 22 гола и 12 асистенции. Билансот на Роналдо е малку послаб, па Португалецот во мечевите против Барселона со Меси има биланс од 21 погодок и една асистенција.

Во ЛШ се сретнале шестпати, а Меси има три гола, додека Роналдо погодил двапати.

Што се однесува до вкупниот биланс и победите, Меси вкупно 16 пати се радувал кога играл против Роналдо, Португалецот има 11 победи, додека девет меча завршиле нерешено.

- Оглас -

Најнови вести