Каков фудбалски мајстор – Постигна хет-трик, последниот гол му е од центар (Видео)

Дору Попадјук е играч на колото во Романија, постигна прв хет-трик во кариерата, а го зачини со последен гол од центарoт на теренот.

Попадјук блескаше во победата на Киндија Трговиште против Волунтари со 3:0 на гостински терен, а голот со кој заокружи хет-трик е велемајсторски со удар од над 50 метри.

Претходно играчот за врска на романскиот прволигаш од Трговиште даде два гола во 14. и во 69. минута, а најубавиот гол „падна“ во 82. минута.

 

- Оглас -

Најнови вести