Каков Галатасарај, Џани ужива во Лидс и во Премиер лигата

Иднината на Езѓан Алиоски останува неизвесна во последните пет месеци од неговиот договор со Лидс јунајтед, но македонскиот репрезентативец не размислува да ја менува средината.

За англиските медиуми, популарниот Џани истакна дека ужива играјќи за екипата на Марсело Бјелса и дека среќен што се натпреварува во Премиер лигата.

„Апсолутно сум среќен што сум член на оваа екипа. Негуваме одличен стил на игра, секој ден напредуваме и учиме нешто ново. Нема подобро нешто од играње во Премиер лигата против едни од најдобрите фудбалери во Европа“, изјави Алиоски.

Овие зборови дефинитивно се причина повеќе за управата на клубот да го забрза процесот околу продолжување на соработката со Алиоски.

Лидс утре гостува кај Лестер, меч во кој се очекува Алиоски да биде стартер на левата бековска позиција, каде што во главно игра сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести