Младиот репрезентативец на Фарските острови, Адријан Јустинусен се распука за ХБ Торшавн на гостувањето кај Аргир и во интервал од само 13 минути постигна неверојатни четири гола.
Напаѓачот кој има 21 година почна со головите во осмата минута и го заврши блиц-кригот во 21. минута, период во кој Торшавн постигна вкупно пет гола и на крајот и победи со 5:0.
Cztery niesamowite gole Adriana Justinussena dla HB w ciągu 14 minut 🔥🔥🔥 MUSICIE TO ZOBACZYĆ! #BetriDeildin
🎬 https://t.co/bXt6qhXXGD pic.twitter.com/7aeSYCDHX0
— Farerska Piłka 🇫🇴 (@farerskapilka) May 24, 2020
Првиот погодок го постигна Осур Далбуд, а потоа на сцена стапи Јустинусен. Лани 21-годишниот младински репрезентативец на Фарските острови беше трет најдобар стрелец во Првата лига со 16 голови.
Сега по три одиграни кола веќе стаса до шестката и е прв стрелец во домашното првенство. Јустинусен беше во составот на младата репрезентација на Фарски острови што настапи во Скопје против Македонија, лани во септември, но не доби шанса да игра, а избраниците на Боби Милевски ги декласираа гостите со 7:1.