Каков хаос во Евролигата – Се игра, но сè почесто се победува со службен резултат

Евролигата во кошарка ја има најчудната сезона во кусата историја во овој формат на натпреварување, па дел од натпреварите не се ни играат, односно се регистрираат со службен резултат.

Најнови неодиграни мечеви се дуелите на Валенсија и на Басконија против Зенит Санкт Петербург, што шпанските екипи ги добија со службен резултат од по 20:0.

Рускиот тим го зафати пандемијата со корона-вирусот, па немаше доволно здрави играчи за да патува за Шпанија на мегдан на Валенсија и на Басконија.

Поради ковид-19, вечерва нема да има кошарка и во Вилербан, каде што АСВЕЛ требаше да ѝ биде домаќин на Црвена ѕвезда.

Клубовите веќе почнаа да протестираат, па челниците на Евролигата се на прагот на одлука да се смени правилникот и натпреварите што нема да се одиграат да се презакажат во нов термин и да не се регистрираат со службен резултат.

Денеска наместо четири, ќе се играат два натпревари од четвртото коло. Од 19 часот Жалгирис ќе му биде домаќин на Анадолу Ефес во Каунас, а два часа подоцна ќе почне мечот меѓу Барселона и Панатинаикос.

 

- Оглас -

Најнови вести