Досега сите очи се вперени кон Катар, каде што се игра Светското првенство. Главна вест вчера беше таа дека Кристијано Роналдо повеќе не е фудбалер на Манчестер јунајтед и е слободен во потрагата по новиот клуб.
Португалецот и Манчестер јунајтед вчера се договорија за раскинување на договорот. Роналдо долго време бараше начин како да си замине од Манчестер јунајтед и тоа конечно му успеа со интервјуто со познатиот новинар Пирс Морган, во кое ги критикуваше и клубот, и тренерот и челниците, како и соиграчите.
Денеска главно прашање е каде Роналдо ќе ја продолжи кариерата, се споменуваат неколку екипи, но желбата на Португалецот е сезоната да ја доигра во екипа што настапува во Лигата на шампионите.
Денеска вистински хит е твитот на хрватскиот прволигаш, кој му испрати порака на Роналдо. Локомотива Загреб го контактираше Роналдо со кратка порака на „Твитер“, која предизвика смешни реакции.
https://twitter.com/NKLokomotiva/status/1595125877767307264?s=20&t=16wg406kidM2Ox_fJFwDsQ
Секако, хрватскиот тим со овој потег сакаше да се пошегува со фудбалските фанови.